Автобиографското дело „Секогаш на победа“ на најдобриот македонски ракометар на сите времиња и актуелен селектор на националниот тим Кирил Лазаров ќе биде промовирано идната недела во Скопје.
Најдобриот стрелец ов историјата на Лигата на шампиони и светски рекордер според многу параметри, својата ракометна приказна од родното Свети Николе до француски Нант каде идната година официјално ќе стави крај на својата импозантна кариера, ја пренесе на хартија во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, кој е основач на реномираниот регионален ракометен портал Balkan – handball.
– Се надевам дека луѓето во Македонија, а наскоро и во целиот регион, ќе ја прочитаат оваа книга во еден здив, објави Лазаров на социјалните мрежи, најавувајќи ја
Автобиографијата на Лазаров, според најавите, во ноември треба да го има и своето издание на српски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.