Завршниот турнир од СЕХА-лигата сезонава ќе се одржи во Брест, Белорусија, објавија денеска и официјално челниците на регионалното ракометно натпреварување. Откако стана познато дека Брест Мешков ќе биде дел од Ф4 турнирот, се официјализираа најавите дека овој клуб ќе биде и домаќин на завршното натпреварување, како што тоа беше случај и пред две години.
Финалниот турнир ќе се одржи на 2 и на 3 април 2019 година, а на него ќе учествуваат бранителот на трофејот Вардар, домаќинот Брест Мешков и хрватските екипи Загреб и Нексе. Изгледот на полуфиналните двојки ќе биде познат по завршувањето на натпреварите од последното коло.
Големо задоволство за нас е фактот што Мешков Брест повторно ќе биде домаќин на фајналфор турнирот. Убедени сме дека тоа ќе биде незаборавно искуство за ракометниот клуб Мешков, за градот Брест и севкупно гледано за белорускиот ракомет, изјави менаџинг-директорот на СЕХА-лигата, Синиша Остојиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.