Капитенот на Вардар, Тимур Дибиров на денешната прес-конференција рече дека со нетрпение го очекува дуелот со Кил на кој ќе се покажат вистинските вредности на тимот.
Подготвени сме за дуелот со Кил. Ова се натпревари за кои не е потребена екстра мотивација. И тие ќе сакаат да покажат дека се подобри од нас. Знам дека ќе биде уживање за сите љубители на ракометот и на спортот воопшто. Ќе видиме, многу сме возбудени и очекуваме по овој натпревар да покажеме по четвртото коло „кој е кој“. Сакам да видам кој е посилен, ние или Кил. Баш сега да видам како Кил ќе го победи Вардар во Скопје. Расположени го чекаме натпреварот. Се може да се случи, но да го победиш Вардар среде скопје – баш сакам да видам!. Ние сме подготвени, знаеме кои сме ние, знаме кои се и тие, изјави Дибиров.
Тренерот Давид Писоаро верува во способноста на своите избраници, но и во големата помош од трибините.
Не очекува важен натпревар против многу силен противник. Кил е голем клуб. Многу ја подигнаа формата од претсезонскиот наш дуел во Супер глоуб што значи ќе ни биде уште потешко. Сепак, играме на домашен терен и многу очекувам од нашите навивачи. Кил ќе игра цврсто и брзо. Брзата игра нас ни одговара. Расположението во тимот е добро. Полека го фаќаме посакуваниот ритам и ја прилагодуваме играта во зависност од тоа како ќе се одвива натпреварот, нагласи предводникот на „црвено-црните“.
Натпреварот Вардар – Кил од 4.коло во ракометната Лига на шампиони се игра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот.
По три кола во Б-групата Вардар е лидер со шест бода, Кил е втор со бод помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.