Билетите за натпреварот Вардар – Кил беа пуштени во продажба во понеделникот, а дилемата на дел од спортската публика на социјалните мрежи беше кој е полицаецот кој чека ред за билет за натпревар на црвено-црните.

На официјалниот профил на РК Вардар завчера беше споделена фотографијата со која беше и најавена продажбата на билетите за натпреварот со Кил од Лигата на шампионите, а меѓу коментарите се огласил и извесен Бранко Ангелов, кој вели дека е полицаецот во редот.

Ова е слика од првиот ден на пуштање на сезонските билети. Полицаецот сум јас, кој најнормално си дојде и си застана на ред и си чекаше да си купи билет без да ја злоупотребам мојата служба, АЈДЕ АЈДЕ ВАРДАРЕ…, пишува во коментарот на Ангелов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.