Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски доби уште едно признание за својата извонредна партија при победата синоќа над Украина со 26-25.

За една од своите 15 одбрани, голманот на Еурофарм доби признание и од Европската ракометна федерација (ЕХФ).


Се работи за одбраната од последните минути кога Украина оди во контра, но Митревски го спречува ударот на Остроушко. Оваа одбрана е прогласена за втора најдобра за вчерашниот ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.