Трагедија го одбележа крајот на ЕП во ракомет на плажа. Според информација од Полската ракометна федерација, руската ракометарка Екатерина Королева (20) го загубила животот на последниот ден од ЕП.

Королева се удавила во езерото во близина на ракометните игралишта. Нема повеќе детали за тоа како дошло до несреќата.

Европската Ракометна Федерација го потврди инцидентот, но не го објави идентитетот на руската ракометарка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.