На СП нема лесен или тежок распоред. Мора да имаме почит кон сите, секој меч ќе има своја тежина, а наше е да одиграме како против Србија, ако играме така имаме шанса, вели за Спортмедиа селекторот Раул Гонзалез на последниот ден од подготовките, на кој и го слави својот 49. роденден.
Задоволен сум од сè што сработивме досега, трениравме, два натпревари и две победи над Србија, сè е според планот. Но, веќе реков дека разликата ќе ја направи тоа што против Србија не беа официјални натпревари и по првиот дуел со Јапонија, кој си носи и своја тежина, ќе можам да кажам колку сум задоволен или не. Тогаш сè ќе биде различно, вели Гонзалез.
Македонија со променет лик патува на мундијалот. Некои нови „клинци” ќе добијат шанса, а Шпанецот е дециден по тој поглед.
За мене не е важно дали имаш 20 или 40 години кога играш за репрезентација, значи дека имаш квалитет да бидеш таму и важно е кога ќе добиеш шанса да го покажеш она што го знаеш и умееш. Не знам колку ќе можам да сметам на младите. Ако имаат шанса на СП и ако одиграат добро ќе бидам среќен, ако не ќе мора да го сфатиме тоа дека се млади, дека им треба време и дека кога ќе добијат и на искуство ќе може да очекуваме повеќе од нив, заклучува Гонзалез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.