Смртта на Јулија Николиќ (екс Портјанко) ја шокира македонската јавност. Некогашната репрезентативка ненадејно почина на 38 години и ги обви во тага сите љубители на спортот и оние кои ја познаваа.
Николиќ остави голема трага во македонскиот ракомет, а последен пат го носеше дресот на ЖРК Вардар пред неколку години, кога замина во пензија. Токму затоа, РК Вардар ќе ѝ оддаде последна почит пред натпреварот во Лигата на шампионите.
„Секој што го носел дресот на Вардар е дел од нашето големо „цревно-црно“ семејство. И кога губиш дел од семејството, губиш дел од себе, и тагуваш. Но, засекогаш останува во нашите сеќавања и срца. Утре пред почетокот на средбата од ЕХФ Лигата на шампионите ќе и оддадеме почит на нашата Јулија Николиќ (Портјанко). Почивај во мир!“, објавија од РК Вардар.
Дуелот меѓу Вардар и Монпелје во ракометната елита се игра утре (среда) од 20:45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.