Голманот на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски, кој го пропушти Светското првенство во Египет, смета дека лошите резултати на македонската ракометна репрезентација се резултат на стратегијата која е погрешна од почетокот.

Колку и да се трудиме сите да им дадеме поддршка, мислам дека сите кредити се потрошени, а кога велам потрошени, најмалку мислам на играчите. Играчите се тие што се, меѓутоа да биде изговор за ваков дебакл промената на генерации, мислам дека не држи вода. Колку што пратам на ова СП и Шведска дојде без осум стандардни репрезентативци, па на крајот видовме како заврши тој натпревар. Нашата генерална стратегија е погрешна од самиот старт. Мораше порано и многу повнимателно да се прави таа замена на генерации. Брзоплетите стратегии направени во најголем дел преку телефонски јавувања ви носи токму ова што денес го гледаме на ова СП, вели Ристовски за Спорт 1.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.