Ова е второ Светско првенство без Борко Ристовски во нашиот табор, откако Червар не го сврсти во ростерот на македонската селекција за Мундијалот во Франција пред четири години. Голманот на Вардар апострофира дека е важно што се доби овој натпревар и покрај лошата колективна игра.
Ристовски смета дека без квалитетот на поединци, немаше да се оствари целта.
„Индивидуално го добивме натпреварот, иако колективно поотфрливме. Да не беа Лазаров, Пешевски, Митревски и Томовски, се сомневам дека ќе победевме. Сепак, најважен е триумфот и остварувањето на целта“, рече голманот на репрезентацијата за државниот сервис.
Борко не е преголем оптимист за следната фаза, со оглед на квалитетот на противниците.
„Мислам дека не ни оди во прилог што ќе играме со Белорусија, Русија и Словенија. Не ни лежат противниците и се надевам дека нема да доживееме дебакл“, заврши искусниот голман.
Утре е слободен ден, а вечерва ќе дознаеме кој ќе биде првиот наш ривал во следната фаза. Според костурот Македонија в среда ќе игра со победникот од натпреварот Словенија – Белорусија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.