Ракометната Федерација на Македонија испрати покани за прес-конференција по повод назначување на новиот селектор на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија. Промоцијата ќе се одржи на 03 март 2019 (недела), во конференциската сала „Скала 1“ – Хотел „Холидеј Ин“ Скопје, со почеток во 12 часот.
Во медиумите се шпекулира со името на Данило Брестовац, кој моментално е на чело на РК Металург и тренер на млaдинските селекции.
Новиот селектор ќе дебитира во април на дуелите против Исланд во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2020 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.