Во четврток, на 3 јануари 2019 година во продавницата на „Д-спортска опрема“ Ракометната федерација на Македонија ќе го промовира новиот дрес за Мундијалот во Германија и Данска.
„Со нов дрес до нови победи ” е мотото со кое РФМ во четврток официјално ќе го промовира новиот дрес на ракометната репрезентација.
На настанот ќе се обратат преставници на Ракометната фендерација на Македонија, селекторот Раул Гонзслес и капитенот на националниот тим, Кирил Лазаров. Ќе бидат присутни и репрезентативците кои на дресовите што ќе се продаваат по промотивни цени ќе ги стават своите автограми. Настанот ќе се случува во продавницата на „Д-спортска опрема“, кој е официјалниот партнер на македонската репрезентација, во склоп спортската арена “Филип Втори” со почеток во 14.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.