Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез не беше расположен по убедливиот пораз од Хрватска во третото коло од Светското првенство со 31-22. Шпанецот изјави дека Хрватите одиграле одличен натпревар, а го пофали и голманот Шего, кој на крајот заврши со 12 одбрани.
Честитки за Хрватска, одигра одличен меч и во одбраната и во нападот. Знаевме дека е многу тешко да се игра против Хрватска и затоа почнавме со „7-6“. Во одбраната со зоната 5-1 за момент им создадовме проблеми, но кога почнаа да играат „7-6“ влегоа во ритам. Шего денеска беше перфектен, одбрани се што му шутнавме од 6 метри. Важно дадовме се од себе. Се уште имаме шанси да се пласираме во втората фаза, изјави Раул по мечот.
Македонија во среда од 20.30 часот игра против Шпанија, а во четврток од 18 часот следи клучниот дуел со Исланд за пласман во следната фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.