Македонската ракометна репрезентација на СП во Германија и Данска по трите натпревари има две победи и еден пораз, а до крајот од групната фаза останува да ги одигра уште двата дуела од кои ќе зависи и конечниот пласман во групата. Утре против европскиот првак Шпанија, а во последното коло во четврток против Исланд.
Ние не одигравме лошо, во вториот дел се поправивме но не беше доволно. Сега треба да се фокусираме на дуелот против Шпанија. Ние треба да играме максимално особено што Шпанија има добри и квалитетни играчи на сите позиции. Ќе биде добро ако успееме да ја играме нашата игра. Шпанија е голема репрезентација, можеби сега не игра на високо ниво, но кога и да посака може тоа да го оствари, изјави македонскиот селектор Раул Гонзалез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.