Раул Гонзалес се обиде да го надмудри својот колега од исландската клупа, но денеска не успеја. Македонија загуби со 22-24 и покрај тоа што момците се бореа до последно.
Македонскиот селектор вели дека репрезентативците се умориле од жестоките физички дуели со Исланѓаните, дека во второ полувреме се обидувавме, но – толку можевме вечерва против Исланд.
Беше тешко за нас, игравме 100 проценти во првото полувреме, бевме одлични, но во вториот дел се изморивме во дуелите со нивната цврста одбрана. Да бидеме искрени, тие беа подобри од нас денеска. Се обидовме да ја минеме групата, но не успеавме. Пробавме со седум на шест, потоа и со шест на шест, имавме шанса до самиот крај благодарение на одбраната и на одличниот Борко, но и тоа не беше доволно, истакна Раул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.