Рaкометната федерација на Македонија туку што објави соопштение дека согласно прококолите за организирање на спортски натпревари во услови на пандемија од Ковид 19, објавени во службен весник број 257 од 29 октомври 2020 година се ставаат во мирување сите натпревари од националниот систем во машка и женска конкуренција.
РФМ апелира да се почитуваат овие препораки од страна на сите кои се дел од ракометниот спорт, и дека секојдневно ќе се следи ситуацијата, па за евентуалните промени веднаш ќе ги извести сте засегнати субјекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.