Ракометна Данска е во шок, по поразот на нивната репрезентација на гостувањето во Скопје. Третото коло од евро-квалификациите донесе нова победа на Македонија, со која практично обезбеди пласман на уште едно големо натпреварување.
Поранешниот ракометар и сегашен тренер и ракометен експерт, Бент Ниегаард, по дебаклот на светскиот првак рече дека од самиот почеток се чувствуваше дека ќе се случи „нешто специјално“.
Ретко се случува данската репрезентација да биде победена и во игра и во енергија. Тоа се случи во на дуелот против Македонија во Скопје. Веќе на националните химни можеше да се забележи во очите кај македонските играчи посебна желба да се пее заедно, што беше најава дека тоа е посебен натпревар за нив. Можевме да видиме уште на самиот почеток на натпреварот дека нешто „специјално“ се случува. Тоа беше битка во која Данска ретко водеше, ниту беше во игра за победа. И тоа беше официјален натпревар каде Данска по 45 минути заостануваше со 25-17.
Тоа сигурно не беше најдобриот дански настап, но за тоа заслуга има и преродената репрезентација на Македонија, по очајното издание во Египет. Кирил Лазаров и Филип Миркуловски беа извонредни, перфектно си ја завршија задачата и пивотмените Стојанче Стоилов и Жарко Пешевски на линијата од шест метри.
Покрај тоа, македонските ракометари речиси и да не погрешија. Покажаа исклучително голема трпеливост, имаа многу мала бројка на грешки и не повеќе од три или четири технички грешки на натпреварот. Исто така, беше спречена можноста да се активира данскиот контра-напад. Никола Митревски на голот исто така придонесе во оваа голема победа. Данска не искористи многу шанси, постигна 29 гола и испушти најмалку осум целосно слободни шанси за погодок. Данска беше надиграна во сите аспекти од играта!“.
Овој коментар треба да биде одличен показател за работата која што ја направи новиот селектор Кирил Лазаров заедно со своите соработници. Секако тука се и играчите, кои одново покажаа како се игра за национален дрес, дури и кога на спротивната страна стои најдоброто од светскиот ракомет…
иизвор: Гол.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.