Норвешките ракометарки се новите европски шампиони. Тие денес во финалето на Европското првенство ја совладаа селекцијата на Франција со 22-20.

Норвежаните ја одржуваа предноста во првото полувреме, а на пауза заминаа со четири гола предност, 14-10.

Во продолжение Франција сепак успеа да се врати во мечот. Актуелните европски прваци одиграа навистина добро и во 50-та минута стигнаа до 17-17.

Потоа се влезе во неизвесен финиш. Франција продолжува со фантастична одбрана, а во 54. минута Деуна Заади успеа да постигне гол за водство на Французите по подолго време од 19-18.

Сепак, во клучните моменти, Норвешка го скрши отпорот на Франција, и стигнаа до осмата титула европски шампиони во историјата.

Кристијансен, Морк и Скогранд ја предводеа Норвешка со по четири гола, а Фопа беше најефикасна во поразениот тим со пет погодоци.

Претходно, во мечот за третото место Хрватска ја победи Данска 25-19.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.