Ракометарките на унгарскиот шампион Ѓер ја освоија третата последователна титула европски шампионки откако денска во финалето на завршниот турнир во Будимпешта со 25-24 (15-11) ги победија противничките од рускиот претставник Ростов на Дон.

Ѓер беше во водство во текот на целиот натпревар, повеќето време со три до четири голови предност, но со неколку врзани грешки во самиот финиш неговите ракометарки им понудија можност за израмнување на противничките. Шансата ја имаше Абинг во последната секунда со погодок финалето да го однесе во продолжувања, но Гримсбо успеа да одбрани и да ја сочува победата на Ѓер.

За Ѓер ова е петтата титула европски шампиони, а сите ги освоија во последните седум сезони: 2013, 2014, 2017, 2018 и 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.