Денеска и во вториот пријателски натпревар македонската Б ракометна репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров загуби овојпат доста убедливо со 33:23 во салата „Чаир“ во Ниш.

Во нашата селекција најефикасен беше Костевски со пет погодови, по четири имаа Кузмановски и Георгиев.

На спротивната страна по пет голови забележаа Пешмалбек и Илиќ, а по четири Ѓукиќ и Ѓорѓиќ.

Потсетување дека во вчерашниот прв контролен меч, исто така подобри беа српските ракометари со 29:26.

Лазаров им дава шанса на оние играчи кои настапуваат на домашната ракометна сцена и го гледа нивниот потенцијал за евентуално некој од нив се најде и во составот кој ќе конкурира за настап на следното Европско првенство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.