Поради проблеми со летот на релација Порто-Франкфурт, екипата на Вардар 1961 остана во Португалија и ги пропушти врзаните конекции до Белград и Скопје за враќање дома по дуелот од ЕХФ лигата на шампионите.
Од екипата на Вардар пред неколку моменти излегоа со соопштение до јавноста во кое што се вели: Вардар остана во Португалија – се бара друга авио врска за враќање во Скопје.
Нашите ракометари денеска не успеале да заминат со авионот од Порто, откако службениците од авиокомпанијата со која требало да летаат ги информирале нашите претставници дека поради новите Ковид правила што се воведени во Германија доколку заминат за Франкфурт ќе мора да бидат во карантин. Дури и ако се работи за транзитирање и не се напушта аеродромската зграда.
Наместо вечерва, екипата би требало утре да тргне од Порто и преку друга конекција да стигне до Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.