На 11. јануари македонските ракометни репрезентативци ќе истрчаат во Минхен на премиерниот дуел од СП со Јапонија. Зад нас се двете контролни средби на кои Македонија остави солиден впечаток совладувајќи ја Србија, уште еден учесник на Мундијалот.
Селекторот Гонзалез го скрати списокот на 16 патници за Минхен каде ќе ги играме натпреварите од групната фаза а веќе денес, во раните утрински часови експедицијата патува за Германија каде ќе продолжи со тренинзите. Средбите ќе се играат во Олимпија Хале која е со капацитет од 15.500 места.
Овие денови активни се и верните фанови на националниот тим. Информациите велат дека картите за сите натпревари од групната фаза се распродадени и дека нашата репрезентација се очекува да ја бодрат повеќе од 1.000 фанови што повторно ветува одлична атмосфера и ветер во грб за Кире Лазаров и дружината.
Да потсетиме ова е 6-то учество на Македонија на светско првенство во ракомет, а најдобриот пласман го остваривме во Катар каде бевме 9-то пласирани.
Oстануваат уште еден ден до почетокот на Светско првенство што од 10 до 27 јануари ќе се одржи во Германија и Данска.
Кирил Лазаров вчера му го честиташе роденденот на селекторот на машката ракометна репрезентација Раул Гонзалез. Лазаров сподели фотографија на која е заедно со Гонзалез и соиграчите Столе Стоилов и Димитар Маневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.