Македонската ракометна репрезентација утрово го одржа својот тренинг во „Олимпик хале“ во Минхен, пред утрешниот натпревар со Бахреин.
„Црвено-жолтите“ вчера остварија убедлива победа од 38-29 против тимот на Јапонија, но сепак остана впечатокот на стручната јавност дека треба да се поработи на одбраната.

Бахреин е аутсајдер во групата и се очекува втора победа на нашиот тим. Азискиот тим вчера беше убедливо поразен од фаворитот за првото место во групата – Шпанија (33-23).

Натпреварот помеѓу Македонија и Бахрен се игра утре (недела) со почеток од 14:00 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.