Машката сениорска репрезентација на Македонија го продолжи својот собир и до утре сите ракометари ќе бидат заедно и ќе тренираат очекувајќи добра вест односно повик за учество на Светското првенство во Египет.
Надежта дека е можно да се замине на шампионатот како прва резерва уште постои посебно по денешните вести дека има позитивни случаи кај некои од репрезентациите учеснички.
Иако шансите се мали, сепак, уште постојат. Македонија уште има можност да се најде меѓу учесниците на Мундијалот во Египет, но ќе мора да се почека до утре.
Веќе е познато дека Шведска и Чешка имаа проблеми со коронавирусот, а од нив Чесите беа во полоша ситуација иако информациите се дека истата е надмината и најдено решение да се игра на СП. Меѓутоа од денеска проблемите со Ковид 19 се преселија и кај селекцијата на Бразил, па останува да се види што ќе се случи со новите тестирања и што ќе се случува со Бразилците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.