Младиот ракометар на ППД Загреб, Јосип Бепо Кадија загина во сообраќајна несреќа, потврди клубот преку официјалната страна.

Кадија го загуби животот откако синоќа со автомобил во кој имало уште три лица излетал од патот. Несреќата се случила околу 23 часот, двајца од патниците меѓу кои и ракометарот го загубиле живтот, еден е во животна опасност.

Со голема тага и неверување Ракометниот клуб ППД Загреб изразува искрено сочувство до семејството и пријателите на трагично загинатиот Јосип Бепо Кадија. Мил наш Бепо, до нови средби на некои нови ракометни терени. Почивај во мир“, напиша клубот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.