Коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски ракометен шампион непосредно пред враќањето на „црвено-црните“ во натпреварувачки ритам и претстојниот дуел од ЛШ против германски Фленсбург, објави „Екипа“.
Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.
„Вардарци“ се без меч во ЛШ уште од 16 септември, во целиот овој период немаа позитивен случај на Covid-19, но сега непосредно пред продолжението со настапите од елитното европско натпреварување се соочуваат со сериозен проблем.
За потсетување, позитивен на коронавирус на самиот старт од сезоната беше капитенот Стојанче Стоилов, кој од оваа причина го пропушти завршниот турнир од Ф4 турнирот од СЕХА-лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.