Европското ракометно првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Австрија, Шведска и Норвешка, за прв пат как учесници ќе ги има сите шест држави кои беа дел од СФРЈ.
Додека Македонија, Хрватска и Словенија, на релативно лесен начин и без големи неизвесности обезбедија пласман на континенталниот собир, останатите три држави, Србија, Црна Гора и БиХ пласманот го заверија во последното коло од квалификациите.
УЧЕСНИЦИ НА ЕП 2020
Шпанија, Австрија, Шведска, Норвешка, Македонија, Германија, Полска, Хрватска, Швајцарија, Србија, Исланд, Словенија, Летонија, Холандија, Чешка, Белорусија, БиХ, Франција, Португалија, Унгарија, Русија, Данска, Црна Гора, Украина.
Репрезентацијата на БиХ за прв пат во историјата ќе настапи на ЕП откако во одлучувачкиот натпревар ја совлада Чешка како гости со 24:23 и како најдобро третопласирана селекција обезеди пласман на ЕП.
Црна Гора во „Морача“ со 27:21 ја совлада Украина во последното коло и го освои второто место во Групата 8.
Немања Зеленовиќ со голот на 21 секунда до крајот на натпреварот ѝ донесе победа на Србија од 32:31 над Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.