Капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов, пред околу една недела имаше операција на менискусот на левото колено која била успешна и тој веќе од утре ќе започне со процесот на рехабилитација.
Неколку дена по операцијата, капитенот на Вардар на денешниот контролен преглед ни откри дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности. Докторите, пак, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, кои што ќе потпомогнат за побрза рехабилитација, пишуваат од Систина каде и бил изведен оперативниот зафат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.