Машката ракометна репрезентација на Македонија в недела во 18 часот во Струмица ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година против репрезентацијата на Грција.
Иако веќе обезбедивме место на континенталниот собир, нашата репрезентација заслужува да ја бодрат илјадници грла, како што било секогаш досега во СРЦ „Борис Трајковски“, која има капацитето од 5000-6000 места. Секогаш досега, но не и отсега, откако сме Северна.
Во Северна Грците нема да стасаат до Скопје, каде што секогаш се играат големите спротски натпревари на репрезентациите и за кои има голем интерес. Нив ќе ги пречека пријателска Струмица, која има сала со капацитет од 1500 места. Последниот натпревар на македонската репрезентација во квалификациите на СП ќе се игра инкогнито, пред 1500 пријатели кои набавиле карти на двете продажни места во Струмица – МК тикетс и кафулето Концепт.
Целта е јасна, а пречекот на ракоемтарите на европскиот шампион Вардар беше совршена испит за „добрососедска Македонија“. На плоштадот со часови се скандираше „Никогаш Северна, само Македонија“, па за да не се повтори истото, организаторот најде соломонско решение – ја напика репрезентацијата во салата во Струмица, па одбраното друштво, духот на Преспанскиот договор, да нè прикаже како добри соседи, кои едвај чекаат да повикаат „Напред Северна“.
Јасно е зошто нема карти во онлајн продажба, на што реагира и навивачката група на Вардар Комити.
Ова од Скопје во Струмица префрлено заради развојот на спортот во другите Македонски спортски центри…ептен поверувавме ама ајде…
Се надеваме дека во Струмица ќе биде обелен образот и ќе се навива од срце, а не калкулантски со вувузели, плескалки или новокомпонирани искривоколчени скандирања во духот на добрососедските односи. Ние бевме скоро во Струмица и се уверивме дека Струмица е Македонија, веруваме дека тоа и ќе остане.
А чисто онака информативно да прашаме дали можеме да дојдеме до карти за овој натпревар, а второ прашање и зошто не?, прашуваат Комити на Фејсбук.
Официјално, беше соопштено дека „поради специфичноста на натпреварот, малиот капацитет на салата и насоките од организаторот, билетите во строго ограничен број ќе може да се набават во продажното место на Мк Тикетс во Струмица, Кафе бар Концепт“.
Натпреварот се игра на 16 јуни во 18:00 часот во салата “Парк” во Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.