Вардар доби нова казна од ЕХФ. Македонскиот првак ќе мора да плати 8.000 евра за инцидентот кој настана на реванш дуелот против Пик Сегед во рамките на осминафиналето во Лигата на шампионите. На голема среќа Рожерио Мораес нема да добие дополнителна казна и тој ќе може да настапи на фајнл-фор завршницата во Келн.

„Нема да има дополнителна санкција за Рожерио Мораес. Дисциплинската комисија при ЕХФ смета дека самата казна на натпреварот била престрога, тој без проблеми може да настапи на Ф4 во Келн“, се вели во објаснувањето на ЕХФ.

Вардар е казнет со 8.000 евра поради однесувањето на тимот. Казната е повисока од онаа на Пик Сегед поради тоа што за сличен прекршок екипата веќе била казнета во текот на сезоната што е отежнувачка околност.

Унгарскиот тим ќе мора да плати 16.000 евра за она што се слушуваше на теренот.

-3.000 евра ќе биде платена поради Деан Бомбач, кој го предизвика инцидентот и го нападна Карачиќ надвор од теренот.

– По 2.000 евра (за секој) Пик Сегед ќе плати за Матеј Габер и Хорхе Македа. Првиот е вториот иницијатор на мешаницата, додека Македа влеле на терен за да се расправа иако претходно имаше добиено црвен картон. Иста парична казна за неспортско однесување добија и Ѓорѓе Игњатовиќ и Марко Кривокапиќ.

-Пик Сегед ќе плати казна од 5.000 евра поради недоволна безбедност на теренот, дисквалификуван играч влезе на терен.

Извор: Спортмедиа


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.