Хрватскиот првак ППД Загреб е противник на Вардар во осмина-финалето на Лигата на шампионите. Првиот меч од осмина-финалето се игра во Хрватска во перидото од 20 до 24 март, а реваншот е закажан за во Скопје во перидот од 27 до 31 март.

Наскоро во соработка со ТВ куќите што ги имаат правата и клубовите ќе бидат одредени и термините на одигрување на средбата.

Победникот од двомечот меѓу македонскиот и хрватскиот шампион во четврт-финалето ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Пик Сегед и Висла Плоцк.

Двојки за осмина – финалето во ЛШ:
ППД Загреб – Вардар
Спортинг – Веспрем
Висла Полцк – Пик Сегед
Мешков Брест – Фленсбург
Мотор Запорожје – Киелце
Рајн-Некар – Нант

Директен пласман во четврт-финалето обезбедија победниците на А и Б групите, Барселона и ПСЖ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.