Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина, избори пласман на Европското првенство во Унгарија и Словачка, наредната година. „Змаевите“ беа поразни во последниот меч од квалификациите од Австрија со 27:23, но на континенталниот собир се пласираа како една од четирите најдобро третопласирани репрезентации од сите групи.
Покрај репрезентацијата на Босна и Херцеговина како третопласирани во групата на Европското првенство пласман обезбедија и селекциите на Полска, Литванија и Украина. Без пласман од третопласираните селекции на континенталниот собир останаа Швајцарија, Грција и Косово.
Покрај домаќините Унгарија и Словачка на шампионатот се пласираа и репрезентациите на Шпанија, Хрватска, БиХ. Литванија, Украина, Полска, Франција, Србија, Германија, Австрија, Русија, Чешка, Исланд, Португалија, Словенија, Холандија, Норвешка, Белорусија, Данска, Македонија, Шведска и Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.