Капитенот на македонската ракометна селекција, Кире Лазаров по настапот со нашата селекција на СП во Германија и Данска се врати во Македонија.

Кире ги користи последните денови од кусиот одмор пред враќање на клупските обврски во француски Нант, па синоќа со своите пријатели се сретнал во кафеана. Лазаров преку својот профил на Инстаграм, на опцијата „стори“ постираше како пејачот во кафеаната му ја пее македонската народна песна „Едно име имаме“ од Јонче Христоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.