Познатата ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се гости во новата „Еден на еден“ кај Жаре, заедно со пејачката Антониа Гиговска, во недела од 18:30 часот на Канал 5.

Начевски и Николов кои го судеа финалето на ЕП во Келн, раскажаа многу приказни од долгогодишната кариера.

Во Африка, новинарот и снимателот влегуваат на терен среде натпревар, и додека уште трае играта прават прилог „Таму навивачите се тепаат, се колат, се маваат со патики, рекоа Ѓорѓи и Славе низ насмевка.

Тема на муабет беа и домашните натпревари, но и тепачката на Начевски со Веселин Вујовиќ пред многу години. Ѓорѓи ги искоментира и навредливите графити низ градот кои се однесуваат на неговиот татко, судијата Марјан Начевски.

Такви графити има повеќе отколку за Бранко и Љупчо, рече Начевски.

Искрени муабети, Жаре имаше и со пејачката Антониа Гиговска, која раскажа како го запознала пејачот Иван Јованов со кој е во врска, за нејзиното искуство како придружен вокал на Тамара на „Евросонг“. Антониа запеа дел од нејзината омилена балада која ја врзува за Иван, и за прв пат во Еден на Еден, во живо ја промовираше новата песна, „Крива сум“.

Жаре подготви и специјален осмомартовски монолог и песна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.