Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се арбитрите за вечерашниот ракометен Супер куп на Македонија помеѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.

Арбитрите кои го судеа натпреварот помеѓу Франција и Данска во финалето на овогодинешните Олимписки игри во Токио, се пред нов предизвик кој што е и првиот официјален натпревар во новата сезона.

Натпреварот помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.