Ракометниот клуб Пролет соопшти за нови случаи на Ковид-19 во играчкиот кадар. Позитивниот тест на Петар Ангелов, кој се наоѓа во самоизолација и е со благи симптоми, беше причина за тестирање на сите ракометари и членови на стручниот штаб на нашиот клуб.
Резултатите се разочарувачки, и покрај настојувањето за максимално почитување на мерките, дури осум членови на Пролет од тестираните се позитивни и веќе се ставени во самоизолација, соопштија од клубот.
Тимот на Пролет не е во тренажен процес уште од позитивниот тест на Ангелов и сите ракометари ќе останат во изолација, за да се заштитат од дополнително ширење на коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.