Веста за ненадејната смрт на поранешната македонска репрезентативка Јулија Портјанко Николиќ, денес ја потресе јавноста. Младата жена замина на свои 38 години, а нејзини блиски за „Фокус” велат дека причината, според првичните информации е срцев удар.

-Доцна синоќа се случило, сите сме вознемирени, таа беше прекрасен човек. Нејзиниот борбен дух не го издржа овој животен предизвик. Со години се бореше да стане мајка, не го дочека тоа за жал. Претешки се овие моменти за сите нас, кои ја знаевме нејзе и нејзината големина – велат нејзини поранешни соиграчи од Кометал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.