Ракометарите на Вардар в четврток нема да го одиграат мечот од второто коло од Лигата на шампионите (ЛШ) против Елверум, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши да го одложи овој натпревар на барање на гостите од Норвешка.

Македонија се наоѓа на норвешката црвена листа со голем процент заразени со Ковид-19, поради што секој што ќе патува во нашата држава ќе мора да замине во 14-дневен карантин по враќањето дома. Тоа важи и за ракометарите на Елверум, кои доколку дојдат во Скопје, ќе мораат да ги одложат сите домашни и европски средби во следните две недели.

ЕХФ уште пред почетокот на сезоната најави флексибилност за вакви ситуации и без проблеми реши да го одложи мечот, а за новиот датум на одигрување ќе се реши подоцна, по контактите со двата клуба и со надлежните во двете држави.

Извор: Спорт1.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.