Политиката надвор од спортот, им порача министерот за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски, политичар, на Стојанче Стоилов и Борко Ристовски, спортисти.
Поздрав до репрезентативците – политичари. Доста делби, заврши Манчевски и ги подели спортистите, репрезентативци на Македонија, од останатите граѓани на земјата, како лица кои немаат право да си ја сакаат земјата, иако крв на терен пуштаат за неа.
Политиката надвор од спортот. Поздрав до репрезентативците – политичари. Доста делби.
— Damjan Manchevski (@d_manchevski) January 13, 2019
Очекувано, овој твит на министерот наиде на многу негативни коментари од македонските граѓани.
Го поделивте народот, па сега го кривите народот? МРШ, му порачаа на Манчевски на социјалните мрежи.
Не требало да игра за репрезентација затоа што бил против Македонија и треба да ги претставува сите граѓани… Од кога сите граѓани се за промена на името? Колку што знам 650.000 беа, а тоа е далеку од сите, пишува друг корисник.
Многумина, пак, се согласуваат и со тоа дека токму поради овие навреди, ракометарите треба да си заминат од првенството.
До сите ракометари, Столе и Борко, откажете се и вратете се дома, не вреди да играте додека овие се на власт, пишуваат на „Фејсбук“.
Од друга страна, пак, истиот тој министер во своја надлежност ја има и МТВ2, истата онаа национална програма на албански јазик за која Столе Стоилов е „играчот со број 5“. Манчевски сè уште нема кажано или направено ништо за овие навреди и бојкотот на спортската редакција, повторно, под надлежност на неговото министерство.
Македонците ги напаѓате кога ќе напишат нешто, а за другите молчите, срам и арам да ви е што ни го јадете лебот македонски, му порачаа на „Фејсбук“ на министерот.
Овој твит на Манчевски доаѓа по статусот на нашиот репрезентатицец, кој само на ова светско првенство е заслужен за двете победи на Македонија, на денот кога во Собрание беше изгласана промена на името каде порачува дека треба да ни е срам на сите.
Статусот на Стоилов одекна и во регионот, па беше повод да го пренесат и многу балкански медиуми, како „Јутарњи лист“, „Индекс“, „Нови магазин“, „Блиц“, „Курир“…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.