Со натпреварот Германија – Кореја (18.15 часот) денеска во Берлин започнува 26-от ракометен мундијал. Домаќини се Германија и Данска. Натпреварите ќе се играат во шест градови: Минхен, Берлин, Келн, Хамбург (Германија) и Копенхаген и Хернинг (Данска).

На шампионатот ќе учествуваат 24 репрезентации во четири групи. Македонската репрезентација ќе се натпреварува во групата Б.

А-група (Берлин)

Германија, Франција, Русија, Србија, Бразил, Кореја.

Б-група (Минхен)

Хрватска, Шпанија, Исланд, Македонија, Бахреин и Јапонија.

Во втората фаза продолжуваат по три најдобропласирани од секоја група, при што ќе се формираат две нови групи со по шест учесници. При тоа секоја селекција си ги пренесува бодовите од дуелите со конкурентите од групата. Потоа двете најдобри одат во полуфиналето.

Ц-група (Копенхаген и Хернинг)

Австрија, Данска, Норвешка, Тунис, Саудиска Арабија и Чиле.

Д-група (Kопенхаген)

Унгарија, Шведска, Египет, Аргентина, Ангола и Катар.

Македонија првенството го почнува со меч против селекцијата на Јапонија на 11 јануари, по што следуваат натпреварите против Бахреин на 13 јануари, ден подоцна со репрезентацијата на Хрватска, на 16 против Шпанија и на 17 јануари со Исланд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.