Денеска, на 67-годишна возраст во Романија почина врвниот стручњак и поранешен селектор на македонската женска ракомента репрезентација Богдан Маковеј.

Тој ги предводеше најдобрите женски ракометарки на Светското првенство (СП) во Германија во 1997 година. Ракометарките заминаа на Мундијалот како аутсајдерки, а таму почнаа да редат победи.

Маковеј пристигна во македонскиот ракомет преку Кометал Ѓорче Петров, со кого во сезоната 1997/98 дојде до четвртфиналето на Купот на европските шампиони. Паралелно работеше како селектор на женската ракометна репрезентација, со која приреди мало чудо на Светското првенство во Германија во 1997 година. Македонија заврши на седмото место, проследено со историската победа над тогашната суперсила Данска, а Индира Кастратовиќ на крајот беше најдобар стрелец.

Во Македонија се врати неколку години подоцна и го предводеше Пелистер до финалето на Челинџ купот во 2002 година.

Маковеј беѓе познат меѓудруото и по тоа што и со романските ракометарки во Скопје комуницираше на македонски јазик.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.