Голманот на ракометниот клуб Порто, португалскиот репрезентативец Алфредо Кинтана почина денеска како последица од срцев удар. Пред неколку дена на тренинг со својата екипа на Кинтана му се слошило, веднаш бил пренесен во болница каде целиот период бил во кома.
Ракометниот свет и спортската јавност жали за загубата на 32-годишниот ракометен голман по потекло од Куба, кој го носеше дресот на Португалија.
Македонскиот ракометен репрезентативец, голманот Николче Митревски е еден од најпогодените затоа што беа клупски колеги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.