Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров ја одржува добрата форма пред новата средба во Лигата на шампионите, а на гостувањето кај Шамбери беше забележана победа од 26:24.
Новата победа го врати тимот на Нант на 2. позиција во најсилната лига на Франција со што тимот на Лазаров продолжува со трката за место во Лигата на шампионите за следната сезона.
На ова гостување кое на Нант му донесе важни бодови Лазаров имаше 50 проценти на реализација. Тој постигна два гола од четири удари така што помогна во новата победа.
Инаку, Нант в недела гостува во Данска кај Скјерн во рамки на 12. коло од Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.