Веднаш по натпреварот во прес салата на СЦ „Јане Сандански“ своите импресии ги споделија тренерот на европскиот шампион Вардар, Давид Писонеро.
Порто се покажа како цврст противник особено во првото полувреме, но во вториот дел комплетно се вратија европските шампиони.
Честитки до Порто за играта, одигра добар меч, очекувавме такво нешто, тоа е еден добар тим, доста амбициозно дојде во Скопје. Немавме во првото полувреме решение за нивната брза игра, голманите не ни помогнаа, но во вториот дел одбраната беше на повисоко ниво, се адаптиравме брзо на нивната игра „7 на 6“- изјави на прес конференцијата, тренерот на Вардар, Писонеро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.