Ракометарот кој добро знае како е да се победува на важните средби и кој има титули во Лигата на шампионите, Иван Чупиќ е внимателен пред утрешниот натпревар. Не сака да има никакво опуштање и вели дека мора да се одработи на високо ниво во текот на сите 60 минути за да се дојде до добар резултат.

Ова е град кој го сака ракометот и сигурно се очекува притисок и добра атмосфера. Сепак, никаде не е атмосферата добра како што е во Скопје. Сезонава се навикнавме да играме против сите. Игравме добро и против Веспрем и против Монпелје и со другите. Ние мораме да ја завршиме нашата работа, да одиграме добра одбрана, да бидеме агресивни и да ја сакаме победата. Само така можеме до Келн, изјавил Чупиќ за 24 Ракомет ТВ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.