Поранешниот македонски кошаркарски репрезентатиевец кој воедно своевремено беше и капитен на нашата репрезентација, Перо Антиќ се огласи по пат на социјалните мрежи.

Причината е настапот на машката ракометна селекција на СП во Германија и Данска. Антиќ на својот профил на „Инстаграм“ сподели стори на кое се Дејан Манасков и Стојанче Стоилов.

Над истото пишува „Глава горе момци“ со што Перо им изразува поддршка по трите последователни порази.

Инаку, Македонија не ја мина првата фаза на едно големо натпреварување по цели 20 години од СП во Египет 1999 година. Филип Талески ова го смета за неуспех.

Македонија во следната рунда ќе разигрува во „Президент купот“ за пласман од 13-16. позиција.

Противник на македонските ракометари утре ќе биде селекцијата на Русија која во А-групата го освои 4.место. Натпреварот Македонија – Русија ќе се игра утре во Келн со почеток во 13 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.