Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен во македонската репрезентација во денешниот пораз од Русија (30-28), а на крајот со еден негов потег успеја и да ги воодушеви љубителите на ракометот.
При водство на Русите од 30-26, капитенот изведе пенал против против вториот голман на противничката селекција Олег Грамс. Со оглед на тоа што тој претходно му одбрани обид од линијата за 7 метри, Лазаров одлучи да шутира необично.
Кире успеја да го лобува, а потоа му се извини, за Грамс да не се почувствува навреден од неговиот фантастичен потег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.