Ракометарите на Вардар загубија на домашен терен од Пик Сегед со 26-28 во натпревар од Лигата на шампионите. Неколкуте промашени зицери во вториот дел, меѓу кои и два пенала беа клучниот фактор во новиот пораз на црвено црните во елитното натпреварување.

Првите седум минути поминаа во израмнета игра на двата тима, а првата опиплива предност ја имаа гостите по истекот на деветтата минута кога поведоа со плус три (2-5). По пет минути во кои се играше гол за гол, а гостите имаа предност од (4-7), следуваше мини серија на „црвено-црните“ кои во 15. минута успеаја да го израмнат резултатот на 7-7.

Вардар продолжи со одличната игра, а во 20. минута успеа за првпат на натпреварот да стигне до водство од 11-10. Вардар продолжи со одличната игра, а со голот на Тимур Дибиров во 28. минута, „црвено-црните“ за првпат во мечот стигнаа и до позитива од плус три (15-12). До крајот на првите 30 минути, Унгарците успеаја да постигнат еден гол и на пауза да се замине со резултат 15-13.

Ловро Јотиќ беше неверојатен на стартот на второто полувреме и со три гола едно подруго успеа во 40. минута повторно да му донесе на Вардар предност од плус (20-17). Следуваше нова одбрана на Борко Ристовски по која Вардар можеше да стигне и до најголемите плус четири, но Калараш на маестрален начин беше сопрен од Мирко Алиловиќ кој го замени бледиот во вториот дел Роланд Миклер.

Целиот текст на Екипа.мк


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.