Тренерот на РК Вардар, Роберто Гарсија Парондо, е задоволен од победата против Монпелје и вели дека не е лесно да се победи два пати клупскиот првак на Европа.

Задоволен сум од победата на овој дуел против тим каков што е Монпелје. Се работи за еврoпски шaмпион и не треба многу да се зборува за квалитетот. Задоволен сум како почнавме, имавме добра разлика и ја одржувавме. Имавме 50 минути одличен меч, но и десет минути од кои не можеме да бидеме најзадоволни, изјави Парондо по денешниот натпревар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.