Вардар попладнево одигра фантастичен меч во Манхајм и со голема победа над Рајн Некар (30-27) се враќа во Скопје. Вардарци одиграа максимално фокусирано од првата до последната минута, имаа водство и од осум голови разлика, но на крајот победија со 30:27 во мечот од Лигата на шампионите.
Тренерот Парондо е задоволен од изданието на своите ракометари.
Среќен сум поради победата. Никогаш не знаете како ќе одиграте по долга пауза, но бевме добри и го натеравме Рајн Некар да прави грешки, изјави Парондо по мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.